Одговарајќи на повикот од лидерот на Демократска лига на Косово, Иса Мустафа, косовскиот претседател Хашим Тачи порача дека е „незапирливо посветен“ на поправањето на „неправдата кон Прешевска Долина и Албанците“.
„Прешевска Долина треба да му се приклучи на Косово, како што Косово треба природно да ѝ се припои на Албанија, под заедничкиот чадор на ЕУ или дури и под албански чадор, ако ЕУ продолжи да ги затвора своите врати за нас“, напиша Тачи на својот профил на Фејсбук.
„Можеби мислиш дека сум сам денес во оваа мисија, која на тебе и на некои други им се чини невозможна. но да не заборавиме дека само пред 20 години дури и нашата слобода и независност се чинеше невозможна“, додава тој пред да заклучи: „Тоа не е невозможна мисија, напротив. Националната унија е во умот и во душата на секој Албанец. Да ја направиме реалноста заедно!“.





