Падна мал авион во Бугарија – двајца загинати

Маж и жена загинаа во инцидент со мал авион во близина на Ихтиман, Западна Бугарија.



Мажот пилотирал со авионот а жената била придружник. На местото на несреќата беа испратени две амбулантни возила, но лекарите можеле да констатираат само изгорени тела на жртвите, јавува БГНЕС.

 Министерството за транспорт објави дека инцидентот на малиот авион се случила околу 11,30 часот.

Тим на Националната истражна служба бил испратен на местото на несреќата.

Авионот бил регистриранаво Италија, што ја отежнува истрагата и тоа ќе трае подолго што е  неопходно, за да се дознае кој е сопственикот на авионот, дали бил на редовни трехнички прегледи и дали биле правени поправки на леталото, јавува БГНЕС.