Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација од утре, 27 мај, целосно ја укинува забраната за увоз на македонско коскесто овошје.
Македонските производители повторно ќе можат да извезуваат цреши, вишни, сливи, кајсии, праски и нектаринки во Руската Федерација, откако лани беше воведена забрана за извоз на македонското коскесто овошје во Русија, поради присуство на штетниот организам Monilinia Fructicola.





