Автобус со македонски регистарски таблички, остана без покривот, откако удри во надвозник близу Пловдив.



Според бугарските медиуми, возачот не го забележал знакот со предупредување за висината од надвозникот до коловозот.

Во инцидентот нема настрадани, бидејќи во автобусот се наоѓале само двајцата возачи, но е причинета серозна материјална штета.