Постои реална можност да биде продадена комплетната фабрика за мебел во Врање „Спилит“,пишува “Вечерње новости”.



Сопствениците и менаџментот на фабриката исчезнаа пред неколку дена оставајќи околу 500 работницио без плата и голем број на купувачи во продавниците во Македонија и во Србија без мебелот за кој платиле однапред. .

Градските власти од Врање успеале да стапат во контакт со рускиот сопственик Андреј Ходасович, за кој првата шпекулација беше дека аминал во Русија да го регистрира „мерцедесот“, кој наводно изјавил дека има намера да ја продаде фабриката.

На прашањето зошто ја напуштил компанијата преку ноќ, одговорил дека е незадоволен од менаџментот и со производите.

Од друга страна, како што пишува весникот, работници тврдат дека тие имале многу работа, никој иод нив не користел годишен одмор, се работело и за празници а произведениот мебел се пласирал преку продавниците на „Нефа“ не само за српскиот пазар, туку и во Босна и Херцеговина,  Македонија и Словенија.