Британецот Робин Хејнс Фишер (44) почина викендов само неколку минути по слегувањето од  Монт Еверест.



Тој е десетиот алпинист кој загина годинава при освојувањето на највисокиот врв на светот,  објавија британските медиуми.

Фишер почина на слегување, само 45 минути откако стоеше на највисокиот врв на светот. Пред него, во петокот, од премореност почина Ирецот Кевин Хијнс.

Непал цел на кртитики, бидејќи оваа година само за пролетната сезона, издаде рекордни 381 дозволи за искачување по цена од 11.000 долари за секоја.

Поради „турканиците“ алпинистите мора со часови да чекаат да се искачат на врвот што завршува фатално за некои од нив.

На социјалните мрежи се споделува фотографијата што покажува како деновиве изгледа чекањето во ред за освојување на Еверест.