Проширувањето на ЕУ може (ќе) се одложи

Во Кабинетот на Јоханес Хан сериозно се разгледувала можноста да се одложи објавувањето на пакетот за проширување, дознава  Радио Слободна Европа од добро информирани извори во Европската комисија.



Таа несигурност е резултат на притисокот од некои земји-членки на ЕУ, кои не сакаат да разговараат за проширување на состанокот во јуни.

Објавувањето на пакетот за проширување е закажано за 29 мај, а дебатата на ниво на министри за надворешни работи треба да се одржи на редовниот состанок во јуни.

Но, некои земји-членки не се подготвени да расправаат во јуни, а треба да се одлучи за препораката на Европската комисија да започне преговори за пристап со Северна Македонија и Албанија.

Земјите-членки на Европската унија на состанокот минатата година, во конечните заклучоци од министерскиот состанок истакнаа дека „ќе одредат пат кон отворање на пристапните преговори на состанокот во јуни 2019 година”.

Се’ ќе биде појасно во понеделник, кога заседаваат шефовите на Кабинетот во Европската комисија, кои конечно ќе одлучат дали да се стави во мирување тој документ, или сепак ќе се даде зелено светло.

Извор: Денешен