Харадинај со сопругата бил на гости во домот на Заеви

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, на социјалните мрежи се пофали дека со спругата биле на гости кај македонскиот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица.



,,Заедно со Анита, бевме гости во домот на премиерот на Македонија, Зоран Заев и неговата сопруга Зорица. Пријатен разговор, за добрососедство, коректна соработка и заедничка евро-атлантска иднина на двете земји!“-напиша кусо Харадинај.

Но, за оваа посета нема ништо на профилите на социјалните мрежи на премиерот Заев.

Пред неколку месеци Заев беше на гости во домот на косовскиот премиер.