Во Кумровец 15.000 луѓе го славеа роденденот на Тито

На прославата на Денот на младоста, која 15-ти пат по ред се одржува во родното место на Јосип Броз Тито Кумровец, имало околу 15.000 луѓе, тврдат организаторите според кои ова беше нејголема бројка досега.



Посетителите дојдоа од сите делови на Хрватска, но исто така и од Словенија и БиХ.

Од изутринава пред куќата на Тито, се слушаа партизански и југословенски песни, а низ Кумровец, како и во претходните години, се прошета актер во униформа на маршалот, кој пушеше цигари и позираше како другарот Тито.

Беа присутни и претставници на антифашистичките здруженија од сите земји на поранешна Југославија, чиј број од година во година се намалува.