Милосављевиќ: За иднината на Македонија во ЕУ ќе решава земја надвор од Унијата

Новинарот Драган Милосављевиќ со анализа според која за Македонија како идна членка на ЕУ може да решаваат пратеници од држава која нема да биде дел од Унијата.



“Британците бираат пратеници за ЕП,а Британија во секој момент треба да излезе од ЕУ. И на никој тоа не му е чудно? Британските пратеници во наредните неколку години ќе носат одлуки за прашања поврзани со унија во која нивната земја по сопствен избор веќе не припаѓа, а можат да одиграат решавачка улога и за нашите преговори на пример”, пишува Милосављевиќ кој се чуди на оваа логика во која не само што за Македонија моженда решаваат пратеници од Британија туку тие да бидат од евроскептична партија.

“И по се изгледа повторно ќе бидат мнозинство оние на Фараџ, од што произлегува дека решенија за судбината на ЕУ ќе носат пратеници од земја која не е во ЕУ и тоа од партија која отсекогаш била противник на идејата за ЕУ. И на никој тоа не му е чудно”, пишува Милосављевиќ.