Руската фабрика за мебел „Спилит“ која преку ноќ ги изнесе машините и остави 500 работници на „цедило“ вои Врање, како „оправдување“ навела дека причина за засотојот е што газдарта заминал во Русија да го регистрира „мецедесот“.



Властите во Врање с’е уште се обидуваат да стапат во контакт со сопственикот на компанијата.

Измамените купувачи се упатиле во просториите на компанијата, барајќи да го зематмебелот што го платиле.

„Сешен е изговорот дека поради регистрацијата на „мерцедесот“ заминал во Русија. Очигледно имало проблеми во бизнисот“, вели Душан Стојаковиќ, уредник на економската колумна “Вечерњи новости“ за ТВ Прва.

По ставањето на клуч на вратите на продажните салони на „Нефа мебел“, денеска целосно се отстранети и ФБ и ВЕБ страницата на компанијата која во Македонија имаше отворено неколку продажни салони ширум државата.

„Нефа мебел“ е српско-руска фирма што пред неколку дена ги затвори сите продавници во Македонија и Србија. Произведувач на мебелот што се продаваше во овие салони е руската компанија „Спилит“.