Бранејќи го Павле, Зекири го намести Заев

Пратеникот Мухамед Зекири бара и опозицијата и ДУИ да покажат доблест и нивни пратеници да го следат примерот на Павле Богоевски и да дадат оставка.



Зекири бара тие да покажат дека останало тронка морал достоинство и храброст и кај нив и бара оставка да поднесат пратениците:

Трајко Вељановски – обвинет
Антонијо Милошоски- обвинет
Даниела Рангелова – обвинета
Илија Димовски – обвинет
Јохан Тарчуловски – осуден

Според Зекири истото важи и за ДУИ кои побараа ВЕТИНГ, и затоа тие треба да почнат од сопствениот двор со поднесување оставка на пратениците:

Ејуп Алими – обвинет и вицепремиерот
Бујар Османи – осомничен од СЈО

Според Зекири Павле Богоевски покажал висока морална одговорност пред граѓаните, вредност што за ВМРО-ДПМНЕ и останатите е непозната.

Во обидот да го одбрани Богоевски , Зекири по најмалку четири основи го напаѓа својот партиски шеф.

Прво Заев и самиот беше обвинет за случајот Поткуп.

Премиерот беше обвинет и за случајот Глобал за криминал вреден 8 милиони евра за што беше аболициран од Црвенковски а јавноста немаше прилика преку судски процес да дознае дали навистина Заев бил криминалец.

Заев лани најави дека во Владата нема да има луѓе против кои се водат истраги а за вицепремиер го постави Османи за кој и Зекири бара да си замине затоа што е инволвиран во процес.

И четврто, потпретседателот на СДСМ Зекири јавно признава дека неговиот лидер Заев нема моќ или желба да го смени Османи иако тој е формален член на владата.

Ако е Зекири искрен во промовирање на принципи може да направи и друг вид притисок познат во членките на ЕУ.

Зекири може да побара од Заев да го смени Османи или во знак на протест да ја напушти високата позиција во СДСМ и функцијата пратеник.