
Помина една година од како стана јасно дека Македонија минатиот јуни не добила датум за преговори со ЕУ а извесно е дека и овој јуни нема да добиеме преговори.
Во меѓувреме ниту еден политичар или новинар не се извини за лажните вести пласирани од провладините медиуми дека лани сме добиле датум за преговори.
Новинарите и медиумите блиски на власта , особено оние кои милуваат за зборуваат за феноменот на лажни вести имаат морална и професионална обврска да и се извинат на јавноста за манипулациите.
Ако тие самите биле изманипулирани од власта доблесно е да го кажат тоа и јавно да објават кој нив ги излажал.
За жал се работи за низа моќни, богати и влијателни медиуми како на пример македонскиот сервис на Дојче Веле кој лани објави дека Македонија добила датум и тоа благодарение на решените спорови со Грција и Бугарија.





