Конгресот на САД го потврди именувањето на Кејт Мери Брнс за нов американски амбасадор во С. Македонија, која доаѓа по заминувањето на амбасадорот Џес Бејли од функцијата во февруари.
Кејт Брнс е дипломат веќе 26 години, а досега ја извршуваше функцијата заменик шеф на мисијата на САД во Атина.
Претходно беше постојан претставник на Мисијата на САД на ОБСЕ во Виена.





