Во топлите денови најбрзо освежување е овошната салата .Токму тоа е нашиот предлог рецепт на денеска, а тој се подготвува брзо и едноставно. за тоа колку е вкусен не треба да зборуваме, но ја истакнуваме ниската калорична вредност.

Потребни состојки:
-јаболки
-портокали
-банани
-суви сливи
-суво грозје
-брусница
-бадеми
-мед
Подготовка:
Се сечкаат на коцки: 4 јаболки, 4 портокали, 4 банани (по тој ред за бананите да не потемнат), па додавате сечкани суви сливи без семки, суво грозје и брусница, како и сечкани ореви или бадеми, а на крајот додавате една лажица мед. По желба, декорирајте со посен шлаг.




