,,Луѓе јас сум прост човек, ненашетан, никогаш не сум имал пари за комоции, башка малку длакав. Типичен неевропеец. Единствено што имам прочитано милион книги од кои немам некое фајде. Се мислев за модерен едно време, ама светов лета напред, а тоа мене ми се гледа брзо, па ме мрзи да трчам по него.



Ама не сум до толку копито, затоа љубезно ќе ги прашам оние модерните : Зошто наместо геј парада, не организирате Парада на умот, на која ќе дефилираат најумните копиљаци кои студираат тука и во странство? Има наши на Харвард, Кембриџ, на славниот МИТ има Македонка мислам.

Зошто они не бидат пример за нашите деца и за нас? Никој не ги знае тие мали а големи умови. Зошто нив не ги донесете на парада во нивна чест и не им дадете максимални права, работа, станови добри плати.

Ве прашувам како прост човек и сељак, извинете ако го навредив вашиот напреден европски светоглед”,пишува Тасевски на Фејсбук