Претседателот на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски закажа седница за пратеничкиот мандат на екс премиерот Никола Груевски.



Седницата треба да се одржи во четврток, а поради неоправдано отсуство на пратеникот Груевски подолго од 6 месеци, членовите на Комисијата ќе препорачаат одземање на пратеничкиот мандат врз основа на Известувањето од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, доставено на 15 мај 2019 година.

Екс-премиер Никола Груевски, кој е осуден на 2 години затвор за случајот на СЈО „Тенк“од почетокот на ноември минатата година е во Унгарија каде доби азил.