За попладне во 16 часот во Владата средба ќе имаат премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети, на која многу веројатно ќе разговараат за најавените промени во Владата.
По првиот круг на претседателските избори премиерот Зоран Заев најави чистка во сите ешалони на власта, а операцијата „метла“ според него ќе профункциконира кон срединаста на идниот месец.
Министрите на ДУИ цело време го отфрлија според нив непримерниот збор „метла“ и порачааа дека за нивниот ангажман во владата надлежен е исклучиво лидерот на помалиот коалиционен партнер ДУИ, Али Ахмети.
Заев денеска најави дека како коалициски партнери ќе разговараат за кадровски промени во извршната власт.
„Иако симболиката дојде од зборот „метла”, сепак, се работи за луѓе професионалци. Зборуваме за ароганција, за неисполнување на очекувањата од одредени институции и зборуваме за немукаетност или неможност да се постигнат очекуваните цели кои граѓаните ги очекувале. Значи зборуваме за личности, не зборуваме за припадници на политички партии или професионалци кои се во Владата. Сите оние кои покажале слабост од ваков карактер вредно е да се размислува да бидат променети со други луѓе, изјави Заев.
Али Ахмети смета дека потребен е „ветинг“ на сите функционери.






