Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе одбележи 70-годишнина од основањето и 24 Мај, Денот на светите Кирил и Методиј и патрониот ден на Универзитетот.
Предвидена е молебен посветена на браќата просветители, а делегации ќе положат цвеќе пред споменикот на Кирил и Методиј во универзитетскиот кампус.
Во аулата на Ректоратот ќе биде промовирана монографијата „Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ во Скопје 1949 – 2019“ и ќе бидат доделени награди на најдобрите студенти на УКИМ.
Свечената академија ќе се одржи вечерва од 20 часот во зградата на Филхармонијата, каде што се предвидени обраќања на ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, и премиерот Зоран Заев.





