Ајфеловата кула неколку часови денеска беше затворена и евакуирана поради мерки на претпазливост, откако бил забележан човек како се качува  по надворешната страна на кулата.



„Човекот што се качуваше на кулата е уапсен, се работи за лице на 45 години, дошол до кулата најнормално и почнал да се качува од второто ниво”, изјави портпаролката на компанијата што управува со Ајфеловата кула.

Човекот продолжил да се качува и по предупредувањата и откако и полицијата и пожарникари стигнале на местото на настанот, објави NBC News.

Судејќи според фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи, „алпинистот“ дојде многу блиску до целта.