Британскиот политичар ипознат евроскептик Најџел Фараж, познат по залагањето за излез на Велика Британија од ЕУ, денеска на улица беше погоден со милкшејк додека патувал кон Њукасл.
На снимката која се споделува на социјалните мрежи се слуша глас на маж како му вели на Фараж „фашист”.
„Како не го запревте“ ги праша Фараж своите телохранители откако беше погоден со чаша полна со слаткиот напиток.
Напаѓачот Пол Кровтер, (32) призна дека го погодил политичарот со милкшејк од банана и карамела.




