Првата Парада на гордоста (Skopje Pride) за правата на ЛГБТ заедницата во земјава ќе се одржи на 29 јуни, информираа од организационот одбор за одржување на овој настан.
Организаторите сметаат дека парадата ќе помине достоинствено и безбедно.
„Ова е протест на изразување на слободната волја на различните кои бараат еднаков пристап во општеството, но и протест за оддавање почит на луѓето кои биле жртви на насилство и стигматизирани во општеството поради различна сексуална ориентација“, рече Александар Михајлов на денешната прес-конференција во Хелсиншкиот комитет.
Извор: Инфоњуз





