„… бараме ОЈО да го повлече обвинението против колегата Кежаровски, кој беше неправедно обвинет, а потоа и осуден. Со еден ваков потег ОЈО ќе покаже дека конечно одлучува независно и непристрасно во интерес на правдата“, рече денеска претседателолт на ЗНМ Младен Чадиковски на денешната прес конференција.
Со оглед на тоа дека Врховниот суд го врати предметот на повторно одлучување, ЗНМ го повикува и Кривичниот суд во Скопје да го отфрли обвинението и со тоа да покаже дека во државата слободата на говорот е загарантирана како основно човеково право.
Според Чадиковски, ова претставува одлична можност за ОЈО и Кривичниот суд да демонстрираат правичност и конечно,како што рече, да стават крај на еден долг и неправеден предмет што се води против новинарот и доскорешен заменик претседател на ЗНМ,Томислав Кежаровски.
Кежаровски беше обвинет за откривање идентитет на заштитен сведок, меѓутоа јавноста знае дека тој во своите написи не го откри идентитетот, а потоа во постапката се покажа дека заштитниот сведок бил лажен. Со ова, како што рече, Чадиковски е очигледно дека неговиот предмет беше монтиран со цел да биде згасната неговата критика, пренесе НОВА ТВ.





