Владимир Зеленски, (41) комичарот без политичко искуство кој победи на претседателските избори во Украина денеска положи заклетва , ја презеде функцијата претседател на Украина и го ртаспушти украин скиот парламент – Врховната Рада.
Зеленски направи уште еден преседан кога на ин аугуурацијата пристигна – пешки.
„Ветувам дека ќе го заштитам суверенитетот и независноста на Украина“, изјави новоименуваниот претседател за време на церемонијата во парламентот во Киев.
Зеленски рече дека неговата прва задача ќе биде да се стави крај на конфликтот со сепаратистите поддржани од Москва на истокот од земјата.
„Нашата прва задача е да го спречиме конфликтот во Донбас“, изјави Зеленски.
„Ја распуштам Врховната Рада“ , рече тој, а потоа закажа предвремени парламентарни избори за октомври. На земјата ѝ треба функционален парламент, изјавија од тимот на Зеленски кој во моментов нема контролча над мнозинствотои во Врховната Рада.





