Горан Трајковски, директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци поднесе оставка откако Владата му „испрати сигнал“ дека тоа го очекува од него, пишува „Фактор“.
Претходно , на владина седница, не бил прифатен годишниот извештај на оваа институција и беше оценет како незадоволителен.
Тој ја доставил оставката до Собранието во петокот и образложил дека си заминува од лични причини.
Функцијата ја напушта година и пол дена пред да му истече мандатот.
Претходно, Трајковски беше директор на Управата за јавни приходи, а во Дирекцијата за заштита на личните податоци беше од 2016 година.





