„Слободен печат“ располага со слични информации како и неделникот „Фокус“ кој во викенд изданието излезе со смела теза дека „СЈО има обезбедено голем број докази за осомничени што поседувале нелегално прислушувани разговори, со кои наводно уценувале и рекетирале бизнисмени и политичари.
Обезбедени се и докази и сведочења. Неофицијалните информации говорат дека причината зошто СЈО овој предмет го држи во фаза на предистрага е дека се штити осомничен, кој се поврзува со висок владин функционер“.
„Слободен печат“ пишува дека за откривањето кој стои зад псевдонимите Никола Тесла и на Илија Громовник (кој ја објави аудио снимката за пратеникот Павле Богоевски) најважно да се открие од каде потекнуваат „бомбите“. А детали најавува во утрешното печатено издание.





