Македонија и Косово со по 17.000 луѓе го делат четвртото место според бројноста на својата дијаспора во Словенија, покажува студијата на словенечки „Каритас“.
Убедливо најбројно малцинство во двомилионската бивша југословенска република има Босна и Херцеговина од 108.000 луѓе, втора е Хрватска со 45.000, а трета Србија со 26.000.
Зад Македонија и Косово е Германија со 7.000, па следуваат Италија со 4.000, Црна Гора со 3.300, Русија со 3.000, Австрија со 2.600 и Украина со 2.400.
Според студијата, дури 86 проценти од вкупната миграција во земјата отпаѓа на државите од поранешна Југославија.





