Премиерот Заев вечерва го честиташе влезот на Тамара во финалето на Песната на Евровизија што се одржува во Израел.
Тамара Тодевска со песната „Proud“ по 7 години неуспешни обиди влезе во финалето на манифестацијата која собира национални претставници на земји од Европа но и од Израел и Австралија.
„Северна Македонија оди во големото финале на #Eurovision. Нашата @TamaraTodevska продолжува напред со #Proud! ??
Македонската музика вечерва предизвикува гордост кај сите граѓани на нашата земја и кај целата наша дијаспора низ светот, напиша Заев во честитката за успехот на Тамара и доби интересни коментари и уште поинтересн предлог.
Еден негов следач му предлага секоја престапна година Македонија на Евровизија да ја претставува Албанец, секоја парна година Калиопи а секоја непарна Тамара.
Сите коментари на твитот
Северна Македонија оди во големото финале на #Eurovision. Нашата @TamaraTodevska продолжува напред со #Proud! 🇲🇰
Македонската музика вечерва предизвикува гордост кај сите граѓани на нашата земја и кај целата наша дијаспора низ светот.#TeamTamara #ESC2019 https://t.co/ailNEySkNM
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) May 16, 2019




