Со една минута молчење за паднатите другари во населбата Диво Насеље, започна судската расправа во Апелациониот суд во Скопје во случајот “Диво Насеље“.Но, првостепено осудените 33 лица за крвавата престрелка во кумановската населба ,во која загинаа 8 полицајци, не го слушнаа мислењето на Алеациониот суд.



Само што петорката од второстепениот суд се појави во големата сала на Врховниот суд, еден по еден сите обвинети за тероризам станаа и зборувајќи на албански почнаа да им се обраќаат на судиите.

Беа поучени да почекаат за да го искористат правото на преведувач и судот да ги разбере што бараат.

Барањето на обвинетите беше наместо презентација на тужбите прво судот да им дозволи да ги прочитаат трите страници што, како што кажа обвинетиот Генци Сефа, ги подготвиле сите обвинети заедно.

 Кумановската Група му се обрати на македонската судијка: Зборувајте албански, тука е Албанија, вие “избеглици”, сте дојдени овде, рече Вал Зекај од Кумановската група, не дозволувајќи и на судијката да зборува. Него го поддржаа и другите членови на Групата. Тие добија овластување на адвокатите и ја напуштија седницата.

Рекоа дека судиите се дојдени тука, а не тие, обвинетите, дека тие се „автохтони“, и дека „ова овде е Албанија“.

Побараа меѓународна истрага и кажаа дека не го признаваат судот. На ова судијката Цветанка Периќ, која ја води јавната седница, им посочи дека нивна волја е дали ќе останат во судница и им појасни дека присуството не е задолжително и јавната седница може да трае и без нив.

Но обвинетите и ова не го послушаа, туку станаа и почнаа да бараат да бидат изнесени од судницата, која е под силно полициско обезбедување.

Судијката Периќ им рече: „Никој не ви дозволи да си одите, ви појаснувам дека секој може да си замине од судница, жалбите ги поднесовте вие и вашите бранители, но пред да заминете треба да бидете нотирани на записник.“

На ова обвинетиот Ваљдет Зекај се обрати со погрдни зборови, висок тон и пцовки, а на крај посочи дека „ова е Албанија“.

Извор: МКД, Курир