Поголемиот дел од парите што беа ветени од донатори за обноива на катгедралата Нотр Дам во Париз, допрва треба да биде уплатен, изјавил парискиот надбискуп Мишел Опети.
Тој исто така рекол дека износот од милијарда евра што се споменува во медиумите не ја ветила ниту една фондација или, пак, администрација.
Досега, од пристигнатите 13,5 милиони евра, 9,5 милиони евра дошле од 43.000 донатори од Франција и странство, меѓу кои 7.000 Американци.
Катедралата Нотр Дам беше оштетена во пожарот што избувна на 15 април. Луѓе од целиот свет и милијардери ветија дека ќе дадат најмалку 750 милиони евра за нејзината обнова.





