Има ли премиерот Зоран Заев поддршка од 2/3 третини од пратениците или ќе мора да попушти за Законот со кој треба да се регулира работата на Специјалното јавно обвинителство.
Оваа дилема се појавува по најавата на премиерот дека денеска ќе одржи состанок во Министерството за правда во врска со новиот закон за јавно обвинителство по кој може да има лидерска средба.
Заев вели дека целта е навремено да се заврши процесот, а ако има напредок би можело да биде одржана и лидерска средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски.
“Ако се случат одредени исчекори во делот на преговарањето, ние лидерите на двете политички партии, би оствариле лидерска средба за конечено заокружување на законот. Сакаме да постигнеме консезус и за овој закон. Овде имаме и политички одлуки кои треба да ги донесеме, затоа и ќе треба лидерска средба за законот за јавно обвинителство”, изјави денеска Заев во Владата пред презентацијата на истражувањето на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените.
Ако се следат изјавите на Заев во континуитет ќе се види дека тој предходно беше ригиден во однос на СЈО и индиректно и се закануваше на опозицијата дека и без неа може да го продолжи мандатот на Катица Јанева.
Дали Заев ја загубил поддршката за СЈО од 8те пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со кои изгласа промена на името ќе се види во текот на наредниве десетина дена до кога треба да има исчекор за специјалното обвинителство.
Неофицијално Заев нема поддршка и од пратеници од една партија на Албанците која е загрозена од новото СЈО.
Вчера специјалната обвинителка Катица Јанева ја исклучи можноста таа да биде сменета од нејзината позиција.





