Синоќа некаде пред полноќ на влезот на населбата Драчево се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа пет лица.
Во сообраќајна несреќа во 23,40 часот дошло до судир на патничко возило „Рено 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(43) од Скопје и товарно возило на Комуналец, управувано од М.Ј.(44) од Скопје и
„Возачот Ј.Л. и сопатниците возилото „Рено“, С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје починале на местото на несреќата“ соопштија од МВР..
Возачот на камионот „мерцедерс“ , М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.





