Според достапни јавни податоци, за една година, минатата, компаијата „Пуцко петрол“, добила 300 тендери за снабдување со нафтени деривати, со што таа е една од најуспешните фирми во добивање тендери, пишува „Фактор“.
Компанија е во сопственост на Асмир Јахоски, син на градоначалникот на општина Пласница, Исмаил Јахиоски, кој воедно е и основач на „Пуцко Петрол“. Фирмата има лиценца за трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива,
„Пуцко петрол“ лани оствари добивка од 2,5 милиони евра и таа е за 30 отсто повисока во однос на 2017 година., пренесува „Фактор“.




