Австрискиот канцелар Себастијан Курц, предизвика бура реакции, со најавата дека сака да поништи дури 1.000 правила на ЕУ.
Во интервју за виенскиот неделник Остерајх кажа дека е „доста од лудилото на регулацијата на ЕУ“, како и дека е „доста со наметнувањето правила“ од Брисел како што е непотребното правило за „шницлите и помфритот“, со кои Брисел одредува како треба да изгледаат овие продукти.
„Никому не му е потребно Брисел да пропишува како се подготвува шницла“, истакна Курц, додавајќи дека ЕУ треба да се занимава со одговори на големите предизвици како заштитата на надворешната граница, безбедноста и климатските промени, пренесе PressCentar.mk.





