Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, пред студентите на Универзитетот „Мајка Тереза“, ќе ги брани образложенијата зошто на Република Северна Македонија треба да ѝ биде доделен датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија.
Ова е дел од серијата посети на државните универзитети на вицепремиерот и претставниците на Секретаријатот за европски прашања, а во насока на промоција на конкурсот „Со европско знаење до европската престолнина“, на кој студентите на општествените науки при државните универзитети, преку учеството со изработка на есеи, ќе имаат можност да го покажат своето европско знаење.
За, превидена е тридневна студиска посета на европската престолнина, каде што ќе имаат шанса да ги посетат клучните институции на ЕУ, дознава „Макфакс.“





