Бушати горд на Тиранската платформа, чека да биде целосно спроведена (ВИДЕО)

Поранeшниот албански министер за надворешни работи и ЕУ Дитмир Бушати вели дека е горд на Тиранската платформа која што е договорена во Албанија а која се спроведува во Македонија.



Во изјава за албанските медиуми Бушати оценува дека Тиранската платформа засега е реализирана само половина и дека очекува наскоро да биде имплементирана целосно но не открива што се друго очекува да се спроведе.

Според изјавата на Бушати кој беше министер во јануари 2017 кога Еди Рама во Тирана ги собра албанските политичари, Тиранската платформа следувала по интензивни разговори меѓу албански државни функционери и лидерите на албанските политички партии во Македонија.

Бушати е горд што учествувал во изготвувањето на платформата за која СДСМ и премиерот Заев тврдат дека никогаш не постоела.

Од фотографијата на албанските лидери објавена во јануари 2017 година се гледа дека тој тогаш во салата на албанската влада седеше веднаш до премиерот на АЛбанија Еди Рама.

Најавата на Бушати дека Тиранската платформа е само половичо спроведена и дека очекува да биде спроведена целосно ги отвара дилемите дали во Тирана се размислува и за други радикални решенија за македонска политичка криза на која предупредува и вицепремиерот Бујар Османи кој рече дека ако нема датум за преговори со ЕУ Македонија состојбата ќе стане непредвидлива.

Според албанските медиуми Бушати ќе биде нов лидер на косовското Движење Самоопределување (ВВ) кое пред десетина дена е регистрирано како политички субјект и во Албанија.

Според извори на Самоопределување, Бушати се очекува деновиве и официјално да ја напушти Социјалистичката партија на Рама и да стане лидер на ВВ во Албанија.

Видетото на Бушати каде што вели дека е горд на тиранската платформа и дека таа е само половично спроведена.

https://www.facebook.com/ditmirbushati.al/videos/409094913217535/