Пентагон ќе одвои и уште 4,6 милијарди долари предивидени за програмата за изградба на воени објекти и ќе ги пенасочи за изградба на заштитниот ѕид против мигранти од Мексико – ветување на американскиот претседател Доналд Трамп дадено уште во  предизборната кампања..



Веста за скандалозниот трансфер на 1,5 милијарди долари од Пентагон за ѕидот предизвика незадоволство кај демократите во американскиот конгрес и бура во јавноста.

Тие 1,5 милијарди долари биле извоени од планираната програмата за модернизација на интерконтиненталните балистички ракети Минитмен-3 и за авиони, објави Вашингтон пост.

Дел од парите биле наменети за американското присуство во Авганистан.