„Јас само ќе му се заблагодарам на г-дин Иванов што постхумно му го додели највисокиот орден на државата на Методија Андонов Ченто на 22 октомври 2010 година и го одликува Ченто со „Орден на Република Македонија“ и ние како фамилија го примивме тој орден и горди сме на нашиот татко, дедо, прадедо Ченто и сме благодарни што како институција Претседател ни беше укажана таа чест и што редовно бевме поканети на сите државни манифестации кои ги организираше Претседателот“.



Ов е дел од писменото обраќање на Јане Ченто, осиден за настаните од 27 април, до престедателот на заминување Ѓорѓе Иванов.

Имаше шпекуации во јавноста дека на последниот ден пред истекот на мандатот, Иванов ќе се одважи даги амнестира осудентите за настаните од 27 април.

„Не му замерувајте на г-динот Иванов што не го искористи неговото право за да го запре лудилото во кое се наоѓаме долго време и ние и нашата држава Република Македонија. Не ги знаеме околностите што се одвиваат зад затворени врати, дали биле притисоци, уцени и слично, не може секој да се спротистави тоа е до карактерот. Но што е тука е. Борбата продолжува.

Ќе ја добиеме битката на судски пат, ќе се мачиме но не се предаваме ние бидејќи сме невини и правдата ќе стигне.

За да бидете вистински Претседател на државата треба да се грижите за сите од таа функција која ја имате, тоа го прават вистинските државници.

Историјата ќе суди за сите политичари па така и за г-динот Иванов дали бил добар или лош Претседател на Република Македонија“ напишал Јане, внук на Метподија Андонов – Ченто, пренесуваат медиуми.