Сопругата на покојниот претседател Борис Трајковски, Вилма, поранешните претседатели Бранко Црвенковски и сегашниот во заминување, Ѓорѓе Иванов присуствуваат на инаугурацијата на новиот шеф на државата Стево Пендаровски во Собранието. Пендаровски даде свечена заклетва и се потпиша на уверението.
Присуствуваа и верските лидери Г.Г. Стефан и Сулејман Реџепи како и другите верски лидери. Таму се и ректорите од универзитетите од Скопје, Битола, Тетово, Штип и Охрид, како и претседателот на МАНУ, Таки Фити.

Претседателите на соседните земји Илир Мета, Румен Радев, Хашим Тачи, Александар Вуќич беа во Собранието, како и функционери од Грција, Словенија, Црна Гора и странски дипломати.





