Денеска Државната изборна комисија ќе му го даде уверението на Стево Пендаровски за избран за шеф на државата.
Пендаровски утре ќе биде инаугуриран на седница во Собранието со што и официјално ќе го почне петгодишниот мандат. На седницата Пендаровски ќе даде свечена изјава пред пратениците, членовите на Владата, верските лидери, првите луѓе на армијата, дипломатскиот кор и гости од странство.
Досега потврда за присуство на инаугурацијата на Пендаровски пристигнала од бугарскиот претседател Румен Радев, од албанскиот претседател Илир Мета и од косовскиот претседател Хашим Тачи. Присутни ќе бидат и заменик премиерот на Турција и делегација од Словенија.





