Речиси 180 земји постигнаа договор кој има за цел значително да ја намали количината на пластика која завршува во океаните, објавија Обединетите нации.



Земјите се согласија за измена на Базелската конвенција со што светската трговија со пластичен отпад ќе потранспарентна и подобро регулирана, и дека за управувањето со пластичниот ортпад ќе биде побезбедно за здравјето на луѓето и животната средина.

„Загадувањето со пластика, претставува голем еколошки проблем од глобални димензии, тоа достигна епидемиски размери, со околу 100 милиони тони пластичен отпад во океаните, од кои меѓу 80 и 90 проценти доаѓа од земјата“, се додава во соопштението.

Според Обединетите нации, 30 отсто од рибите се отруени од пластика,  до 2050 година ќе има повеќе пластика во морето отколку во рибите.

Пластичните ќеси кои се направени од полиетилен, се распаѓаат дури и за илјада години, а отровните хемикалии завршуваат во почвата, езерата, реките и морето, пренесува Танјуг.

Според проценките на Министерството за заштита на животната средина на САД, светската потрошувачка на пластични кеси достигна годишна стапка до 1.000 милијарди парчиња.

Но, само помалку од еден процент од нив се рециклираат, поради високите трошоци – поскапе е рециклирање на пластичната кеса отколку  да се направи нова.

При тоа, природата го плаќа најголемиот данок, бидејќи другите 99 проценти го загадуваат морето, реките и езерата, ветерот ги испушта низ земјата, канализацијата е во вода.