Рускиот претседател Владимир Путин покажа уште еден свој талент, овојпат на мраз, придонесувајќи со десет гола за победата на тимот на „Легенди на хокејот“ од 17:14 во гала-натпревар со селекцијата на „Ноќна хокеарска лига“ во Сочи.
Шефот на руската држава играше во нападот и традиционално настапи во дрес со бројот 11.
Пред поранешниот германски канцелар Герхард Шредер и неговата сопруга на трибините, соиграч на Путин му беше министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Претседателот на Руска Федерација играше и лани за „Легенди на хокејот“, а тогаш придонесе за нивниот триумф со пет погодоци.





