Работник во расадникот за украсни дрвца „Еуроплантс” во тетовско село Прељубиште го убил својот газда, Холанѓанец кој го фатил како спие на работното место, дознава 24 Инфо.
Работникот револтиран зел камен и го удрил по глава работодавецот и сопственик на расадникот кој бил 60 годишен граѓанин на Кралството Холандија.
Осомничениот вработен во расадникот најпрвин започнал вербална расправија, а потоа и физичка пресметка со работодавачот. Притоа тој му задал удар со камен во главата и му нанел смртоносни повреди.





