Претседателот на Македонија, денеска го одработува својот последен работен ден по десет години поминати на претседателската функција.
Мандатот на шефот на државата во заминување, официјално му истекува на 12 мај кога треба да ја напушти резиденцијата на Водно.
Истиот ден, новоизбраниот претседател на државата Стево Пендаровски ќе ја преземе функцијата по инаугурацијата предвидена за попладневните часови а официјално мандатот му почнува на полноќ помеѓу 12 и 13 мај.
Од понеделник сега веќе како екс-претседател Иванов ќеможност да замине во пензија на 59 години, пет односно седум години пред законското право на остварување на пензија.
Како што дознава 1ТВ, претседателот во заминување Ѓорѓе Иванов до службата за општи и заеднички работи (СОЗР) доставил барање за изнајмување на кабинет. СОЗР го разгледала барањето и по истото одговорила позитивно, бидејќи буџетот за канцеларијата изнесува 8 проценти од годешниот буџет на претседателскиот кабинет, што е во согласнот со постоечкиот закон.
Иванов до крајот на животот ќе користи месечна пензија пензија од околу 100.000 денари, личен возач и лично обезбедување.
Иванов до крајот на својот мандат не објави во јавноста дали ќе распише амнестија за осудените и осомничените во крвавите настани во Собранието на 27 април 2017-та, иако до него биле доставени барања.





