Советникот на министерот за финансии Бранимир Јовановиќ, инаку избркан член на Левица заминува од министерството среќен што ги средил јавните финансии.
“По скоро две години, се повлекувам од Министерството за финансии.
Одлукава ја донесов уште пред некое време, но не сакав да ја објавам додека не поминат изборите.
Имаше сѐ во овие две години, но сепак си заминувам со позитивни впечатоци. Бевме одличен тим и функциониравме навистина добро. Направивме доста работи, од кои најважна за мене е даночната реформа. Ги подобривме буџетските приходи, го намаливме дефицитот, го стабилизиравме јавниот долг. Кратко кажано – ги средивме државните финансии.
Сега е време да им се посветам на нештата кои ги запоставив овој период – семејството, блиските, нештата кои ги сакам”, пишува Бранимир Јовановиќ кој беше оштро критикуван од својата партија затоа што стана дел власта.
На оваа порака со прилично силни аргументи одговара адвокатот Јанаки Митровски.
“Како и секој употребен куртон, завршува во канта…..кои црни финансии сте ги средиле јавниот долг е на рекордно високо ниво…..дајте проекција колку пчекувате од зголемените даноци? На Кочо колку милиони данок му земавте? Бруки!”, одговара Митровски на објавата на Јовановиќ.





