Вилма Рускоска која била втор обвинител, во случајот „Диво насеље“ вели дека има многу цврсти докази за сите обвинети и има ДНК-анализа и отпечатоци од сите осудени.
Таа потсети дека Обвинителството веќе поднело жалба за ослободителната пресуда за четворица од осудените и се чека одлуката на Апелацискиот суд.
„Овој предмет е многу добро сработен и воопшто нема политика во него. Не гледам каде граѓаните што протестираа гледаат политика во случај во кој од двете страни има загинати.
СЈО досега од нас го нема побарано овој предмет. Слушнав дека нема „бомби“ за него, туку само индиции“, рече обвинителката Рускоска во гстување в „Сам вистина“ на Канал 5.




