Европската унија треба да се фокусираат на климата, безбедноста и растот по евроизборите или да исчезне, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на денепшната средба на европските лидери во Романија  на која се разгледуваат опциите по заминувањето на Велика Бртанија од ЕУ.



Лидерите на сите земји-членки, со исклучок на Велика Британија, се сретнаа на Денот на Европа во градот Сибиу, каде населението има германски и унгарски корени, 15 години по проширувањето на ЕУ кон Исток со што  Железната завеса, која ја делеше Европа по Втората светска војна за мина во историјата, пренесе news.bg.

„За 15 дена околу 400 милиони Европејци ќе изберат помеѓу проект … за понатамошно градење на Европа или проект за уништување деконструира на Европа и враќање кон национализмот”, коментираше Макрон на неформалните разговори меѓу 27-те лидери.

„Сега треба да се движиме побрзо и со повеќе решителност во однос на европскиот ренесанса. Климата, заштитата на границите и економскиот раст, социјалниот модел … е она што навистина сакам во наредните години“, додал, францускиот претедател.

Поделена по прашања кои се движат од миграцијата до демократски стандарди, ЕУ се бори со Брекзит и со бран од популизам , а соочена е и со надворешните предизвици од  Кина, Русија и САД.

Таа, исто така, заостанува зад проблемите со климатските промени за сајбер безбедноста.

27-те лидери потпишаа декларација, која ветува  „заштита на обединета Европа“, „да останат обединети и „секогаш да бараат заеднички решенија“ во следниот политички циклус до 2024 година.