Поради расипан сензор патници за Берлин со “трета среќа”

Патниците на Виз Ер кои половина час пред пладне од Скопскиот аеродром требаа да полетаат за Берлин чекаат нов трет авион кој треба да ги однесе кон главниот град на Германија.



Првиот авион според патници на оваа линија бил одложен поради проблем со авионот кој доаѓал од Лудвигсхафен, од вториот авион веќе сместените патници биле извадени поради технички проблеми односно нефункционален сензор.

Во моментов патниците на летот број В6 7739 чекаат трет, нов авион на нов гејт од каде конечно треба да заминат за Берлин.

Со брза интервенција на Виз Ер веќе е обезбеден нов авион кој наскоро треба да полета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Немир на скопскиот аеродром: Патници извадени од авион пред полетување