Државната антикорупциска комисија отвори четири предмети за премиерот Зоран Заев.
Тие ќе истражуваат наводи за корупција во случаите „Глобал“, „Едно евро корупција“, „Бугарските фирми на Заев“ и за продажбата на земјиштето на касарната во Струмица. Сите биле сторени додека сегашниот премиер Зоран Заев бил градоначалник на Струмица.
Сите пријави се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, јавува Радио Слободна Европа.
Пред еден месец Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Заев за случајот „Поткуп“ или во јавноста случај познат како „едно евро за Вицето“ во кој Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за продажба на државно градежно земјиште.
Заев за ова изјави дека се работи за монтиран случај со цел да биде спречен да ги објави „прислушуваните разговори“.
Во 2008 та Заев беше помилуван од тогашниот претседател Бранко Црвенковски, за случајот „Глобал“, во кој тој беше обвинет за злоупотреба на службеното овластување како струмички градоначалник.





