Екс министерката за култура Ганка Цветанова прашува зошто министерот за внатрешни работи Никола Димитров сам не си поднесе жалба до Советот за етика во медиумите за текст кој наводно бил навредлив за него.
Според Цветанова во текстот не се зборува за МНР туку за министерот и затоа не смее институцијата да биде вовлечена во случајот.
“Зошто МНР ќе поднесува жалба?!? Па во текстот не се говори за МНР туку за Никола Димитров (@NDimitrovMK). Класичен пример на злоупотреба на институцијата и функцијата која моментално ја извршува @NDimitrovMK”, забележува Цветанова.
Според македонските закони забранета е “одбрана на ликот и делото” на било кој јавен функционер и тие треба лично да ги расчистуваат своите лични прашања во јавноста.
Во членките на ЕУ институциите никогаш не се користат за пресметка со медиуми ако медиумите критикуваат или објават негативна информација за некој министер.
Спиред правилата на унијата доколку Димитров ги користи институциите за лична пресметка тогаш Антикорупциската комисија ќе мора да отвори случај за злоупотреба на државна позиција.
Предмет на случајот може да бидат и вработени во МНР кои што ќе се согласат да ја вклучат институцијата во личните проблеми на министерот.





